Дома Фудбал Англија Пресврт: Маруан Фелаини потпишува нов договор, познати и деталите!

Пресврт: Маруан Фелаини потпишува нов договор, познати и деталите!

Белгиецот на крајот останува во Манчестер!

Каков пресврт во плановите на Маруан Фелаини или пак се беше добро осмислена игра, знае само тој…

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец останува во Манчестер Јунајтед. Според последните информации, до кои стигнаа белгиските новинари кои ја следат оваа репрезентација на

Мундијалот, искусниот играч за врска ќе потпише нов двегодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Новинарите се повикуваат на близок извор на Фелаини кој им открил дека договорот е веќе потпишан и дека се ќе биде објавено на 1 јули кога официјално ќе истече неговиот актуелен договор со Јунајтед.

Новиот договор ќе има важност две години, а во него ќе има опција во јуни 2020 година да биде продолжен за уште една. Платата на фудбалерот ќе изнесува 100.000 фунти неделно, што значи дека ќе му биде покачена во однос на 80.000 фунти во овој момент.

Кога се ќе се собере не е лошо за играч за врска кој во ноември ќе наполни 31 годинa.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…