Дома Топ вести Пресврт: Кутињо во јануари станува втор најплатен играч во историјата

Пресврт: Кутињо во јануари станува втор најплатен играч во историјата

Филипе Кутињо беше една од најголемите трансфер саги ова лето. На крајот трансферот не се реализираше, Бразилецот остана во Ливерпул, а Барса остана со празни раце.

Меѓутоа, сега се случи потполно неочекуван пресврт во овој случај, барем така пренесуваат шпанските медиуми.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Интересно е што „црвените“ категорично ги одбиваа сите понуди на Барса во текот на летото, а сега го промениле мисењето.

Угледниот каталонски весник „Спорт“ кој секогаш е добро упатен во случувањата во каталоснкиот клуб тврди дека Барселона не се откажала од Кутињо. Преодниот рок заврши пред 25 дена, но контактите помеѓу двата клуба продолжуваат, па Барса се надева дека ќе може да го комплетира трансферот во јануари.

„Спорт“ пренесува дека Ливерпул веќе почнал да „омекнува“, но секако за Кутињо ќе бара сума која ќе биде најголема во историјата, веднаш после Нејмар.

Според блиски избори на Барселона трансферот со вклучени бонуси може да изнесува и повеќе од 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Добивме спектакл: И Ѓоковиќ обезбеди финале!

Новак Ѓоковиќ по два сета во полуфиналето на Мастерсот во Шангај по десетти пат беше подоб…