Дома Фудбал Англија Премиер лигата донесе одлука за барањето на Манчестер Сити и го разочара Гвардиола

Премиер лигата донесе одлука за барањето на Манчестер Сити и го разочара Гвардиола

Премиер лигата не излезе во пресрет на Манчестер Сити и го одби барањето на овој клуб за одложување на првите два натпревари во сезоната 2025/2026.

Ова барањe Maнчестер Сити го испрати со цел играчите да имаат повеќе време да се опорават по настaпот на Светското клупско првенство во САД.

Сити и Челзи се двата клубови од Англија кои се пласираа на продолженото едномесечно Светско клупско првенство во новиот формат. Клупскиот Мундијал започнува на 15 јуни и ќе се игра до 15 јули, додека Премиер лигата стартува во август.

Тренерите и фудбалерите веќе подолг период реагираат на густиот распоред, а глобалниот сојуз на играчи ФИФПро пресметал дека фудбалерите имаат само 12 проценти од годината за одмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Португалија без Роналдо: Убедлива победа над Данска

Португалија без Роналдо ја совлада Данска со 4-2, покажувајќи напредок во нападот. …