Играчот за врска на Милан, Лукас Пакета во јануари би можел да се пресели во ПСЖ, откриваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Леонардо ова лето од Милан премина во ПСЖ и повторно е спортски директор на францускиот првак, па сака да го донесе својот сонародник во Париз.
Пакета во јануари беше донесен во Милан за 35 милиони евра и уште на првите натпревари за „росонерите“ покажа дека има квалитет и дека ќе биде голем играч.
Меѓутоа оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан, па во последно време се пресели на клупата за резерви и самиот е спремен да ја промени средината.
Еминентниот „Екип“ пренесува дека Леонардо веќе започнал преговори со „росонерите“ и е спремен да понуди 45 милиони евра за потписот на Бразилецот.