Дома Останати Кошарка НБА Прв натпревар на Јокиќ во новата сезона и веднаш трипл-дабл, Леброн и Лејкерс немоќни

Прв натпревар на Јокиќ во новата сезона и веднаш трипл-дабл, Леброн и Лејкерс немоќни

Никола Јокиќ како и што ја заврши минатата, така ја започна новата сезона во НБА лигата.

Во првиот натпревар од сезоната Денвер играше против Лос Анџелес Лејкерс и славеше победа со 119:107, а Јокиќ мечот го заврши со трипл-дабл од 29 поени, 13 скока и 11 асистенции.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Домашниот доминираше скоро во текот на целиот натпревар и предноста најчесто им беше двоцифрена. Лејкерс внесоа неизвеност во последната четвртина кога дојдоа на само три поени, но сепак Денвер со нова серија се „одлепи“ и мирно го привреде мечот кон крајот.

Посебно одличен Јокиќ беше во втората четвртина која ја заврши со 19 поени, девет скока, две асистенции и една блокада. За Јокиќ ова беше 106. трипл-дабл во кариерата (само еден помалку од Џјесон Кид и Леброн Џејмс).

Во редовите на Лејкерс Леброн го заврши мечот со 21 поен и осум скока, додека Дејвис додаде 18 поени.

Вториот натпревар кој се играше вчера заврши со победа на Феникс на гостински терен против Голден Стејт со 108:104. Девин Букер блесна со 32 поени, а Дурант стигна до дабл-дабл од 18 поени и 10 скока. Стеф Кари со 27 поени беше најефикасниот кај домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вардар немоќен во Тетово, дербито за Шкендија!

Без разлика на позициите на табелата, натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар секогаш ќе прив…