Дома Фудбал Репрезентации Први информации за повредата на Бензема

Први информации за повредата на Бензема

Карим Бензема вчера не одигра цело полувреме против Бугарија, францускиот напаѓач се повреди на четири минути пред паузата откако се жалеше на болка во коленото по еден доскок.

Оваа повреда посебно ги загрижуваше Французите затоа што за два дена стартува Европското првенство. На местото на Бензема влезе двојниот стрелец Жиру. Новинарката на „Л’Екип“ повикувајќи се на информации од лекарскиот тим на Франција објави дека повредата не е ништо сериозно, станувало збор за мал удар и моментална болка.

Како и да е сепак ќе се почекаат комплетните лекарски прегледи за и официјално да се знае степенот на повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вествуд: Ќе бидам среќен само со трофеј за Шарлот

Ешли Вествуд е решен да освои трофеј со Шарлот ФК, иако тимот има добри шанси за успех ова…