Дома Фудбал Репрезентации Првиот човек на српскиот фудбал збесна по дебаклот: Срамота, како да сме Сан Марино!

Првиот човек на српскиот фудбал збесна по дебаклот: Срамота, како да сме Сан Марино!

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија и легенда на југословенскито фудбал, Драган Џајиќ јавно ја критикуваше младата селекција по дебаклот против Англија во квалификациите за Европското првенство.

Репрезентацијата на Србија до 21 година во Нотингем од Англија беше поразена со 1:9.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Не знам дали некоја наша репрезентација во историјата примила девет гола на еден натпревар, Што да кажам освен – срамота! Како да сме Сан Марино. Не е само тоа погледнете го составот на екипата, многумина се стандардни во своите екипи и не може да биде оправдување тоа дека Англија е силна. Колку и да се силни, таков пораз не смее да се случи“, изјави Џајиќ.

Англија пред оваа победа со Србија играше со аутсајдерот во групата, Луксембург и победи со 3:0, Србија сега ја чека натпревар со Северна Ирска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хаос во Црна Гора: Хулигани нападнале хрватски навивачи, им го искршиле комбето! (Фото)

Хрватски навивачи кои синоќа беа на пат кон Црна Гора, каде што нивната фудбалска репрезен…