Разрешена е мистеријата околу авионот во кој леташе фудбалерот Емилијано Сала, па во наредните неколку часа би требало да биде познат идентитетот на личноста пронајдена во леталото.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Познато е дека во авионот беше фудбалерот Емилијано Сала, а со него во авионот беше само уште пилотот Дејв Иботсон.
Телото кое е пронајдено во авионот беше извлечено во текот на денот и е предадено на форензичарите, кои треба да утврдат дали телото е на Сала или пилотот.
Авионот беше на дното на Англискиот канал, на длабочина од 67 метри, а мисијата за пронаоѓање беше успешно завршена од страна на приватна компанија.
