Дома Трансфер зона Потврдено: Јувентус ја „затвори“ одбраната со искусниот Германец!

Потврдено: Јувентус ја „затвори“ одбраната со искусниот Германец!

Она што и беше најавувано во текот на претходните денови денес беше и потврдено, Јувентус доведе замена за Леонардо Бонучи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После првите две кола во Серија А, посебно после натпреварот против Џенова, беше јасно дека Јувентус мора да ја засилува одбраната, а изборот падна на искусниот Германец од редовите на Шалке, Бенедикт Ховедес.

За Ховедес интерес покажуваше и Ливерпул, но фудбалерот сакаше трансфер во Јувентус. Како што пренесуваат италијанските медиуми дефанзивецот веќе се простил од своите соиграчи во Шалке и ќе се пресели во Торино за сума од 15 милиони евра.

Ховедес е навистина одлично засилување за одбраната на италијанскиот шампион. Да потсетиме тој беше избран и во идеалниот тим од Мундијалот во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…