Дома Фудбал ПОТВРДЕНО: ВАР од наредната сезона и во Франција!

ПОТВРДЕНО: ВАР од наредната сезона и во Франција!

Француската фудбалска лига од следната сезона ќе воведе ВАР технолигија потврдено беше на состанокот на професионални клубови во Париз.

„Како што сега стојат работите, ВАР ќе биде воведен од сезоната 2018/2010. Иницијативата е прифатена од страна на претседателот на клубовите, судиската организација, а и јавноста ја поддржува оваа иновација“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција Ноел Ле Грет.

ВАР оваа сезона беше воведен во Серија А и Бундеслигата, а од следната сезона ќе го користи и шпанската Ла Лига. Исто така веќе се користи на натпреварите на Светското клупско првенство, додека претседателот на ФИФА Џани Инфантино потврди дека ќе се користи и на Светското првенство наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната топка“ првпат во Лондон: Јубилејна вечер и трка за фудбалскиот престол

Седумдесетгодишнината на наградата ќе се одбележи во Лондон. Како се избираат победниците …