Eвропската ракометна федерација ја потврди одлуката за исфрлување на Вардар од Лигата на шампионите поради дологовите на претходниот сопственик.
ЕХФ не му издаде дозвола на Вардар за учество во елитното европско натпреварување со образложение дека веќе две години се обидувале да го решат проблемот со неисплатени плати кон поранешните ракометари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вардар имаше комуникација со ЕХФ со цел за расчистување на долговите. За жал клубот не ги испочитува датумите и поставија стратегија за одложување. Плаќањата се извршуваа делумно, а имаше обиди да бидат одложени за следната сезона. Извршниот комитет одлучи дека Вардар не го испочитувал договорот, па така не ги исполнува критериумите за настап во Европските купови наредната сезона“, стои во соопштението од ЕХФ.
Фото: РК Вардар