Дома Топ вести Постигнат договор: Стерлинг на чекор од Челзи

Постигнат договор: Стерлинг на чекор од Челзи

Челзи и Манчестер Сити го договараат последните детали од трансферот на Рахим Стерлинг, пренесуваат медиумите на Островот.

Договорот на Стерлинг истекува следното лето, а преговорите за продолжување на соработката се во застој. Тој го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, јавно го изрази своето незадоволство размислува да си замине од „Етихад“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сити го стави на продажба, а најсериозен интерес за него покажува Челзи. Двата клуба започнаа преговори и Сити ја одби првата понуда од „сините“ од 30 милиони фунти.

Челзи сега испрати нова понуда и двата клуба се блиску до договор за трансфер тежок 45 милиони фунти.

Двата клуба ги договараат последните детали, а Стерлинг веќе ги договори личните услови со Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…