Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Наскоро важен потпис на „Џузепе Меаца“

Постигнат договор: Наскоро важен потпис на „Џузепе Меаца“

Голманот и канпитен на Интер, Самир Хандановиќ постигна договор со раководството за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Хандановиќ истекува во 2021 година, а двете страни веќе постигнале договор за продолжување на соработката до 2024 година.

Тоа значи дека Словенецот најверојатно кариерата ќе ја заврши во Интер бидејќи кога ќе му истече новиот договор ќе има 38 години.

Хандановиќ во 2012 година за сума од 12 милиони евра пристигна во Интер и од тогаш е незаменлив дел од „нероаѕурите“.

35-годишниот голман ќе добие шанса да го подобри рекордот на Валтер Зенга за најмногу настапи за Интер. Хандановиќ до сега има 279 настапи, а рекордерот Зенга 328.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез не попушта: Реал Мадрид бара одземање на титулите на Барселона

Реал Мадрид побара од Европската фудбалска организација (УЕФА) да ѝ ги одземе сите трофеи …