Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс после седум години ќе го напушти италијанскиот клуб.
Мертенс во Наполи пристигна од ПСВ и за седум години одигра повеќе од 300 натпревари, но ерата во овој клуб полека доаѓа кон крајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите преговори околу продолжување на договорот паднаа во вода и Мертенс како слободен играч ќе го напушти клубот, а според последните информации ќе остане во Серија А.
За Мертенс интерес покажаа неколку европски клубови, но медиумите тврдат дека Интер веќе ја добил битката за неговиот потпис и постигнал договор со Белгиецот тежок 5 милиони евра по сезона.
Мертенес сака да остане во Италија и медиумите најавија дека наскоро треба да има официјална потврда. Па така Конте ќе формира одличен белгиски тандем Лукаку – Мертенес.