Дома Фудбал Англија После ова навивачите на Челзи немаат дилеми дека нов тренер ќе биде Лампард (ФОТО)

После ова навивачите на Челзи немаат дилеми дека нов тренер ќе биде Лампард (ФОТО)

Френк Лампард во наредните денови би требало да биде претставен како нов тренер на Челзи.

Лампард минатата сезона ја водеше екипата на Дерби и дојде до финалето на плејофот за влез во Премиер лигата, но таму беа поразени од Астон Вила. Меѓутоа неговата работа не помина незабележано и изгледа дека е спремен за голема сцена.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Веќе со денови се пишува дека Лампард се враќа во Челзи на местото на Маурицио Сари кој премина во Јувентус.

Дури и Дерби му даде дозвола на Лампард да преговара бидејќи не сака да му застане на патот.

Челзи за него ќе плати четири милиони оштета бидејќи Лампард имаше важечки договор со Дерби.

Вчера Лампард беше забележан како пристигнува на „Стенфорд Бриџ“ и навивачите многу брзо очекуваат потврда дека тој е новиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА го казни Белингам за срамниот потег🎥

Репрезентативецот на Англија, Џуд Белингам, нема да помине неказнет поради несоодветната п…