Кристијано Роналдо помина низ тежок период во Манчестер Јунајтед, но за Португалија повторно игра во стартниот состав и беше стартер на првите три натпревари на Мундијалот.
Роналдо беше стрелец само против Гана и тоа од пенал, на останатите натпревари баш и не се прослави многу. Португалците се разочарани од неговата игра и тие сметаат дека селекторот Сантош треба да го седне на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најпонзатите протугалски весници „А Бола“ направи анкета дали Роналдо треба да игра во стартниот состав. Во анкетата дури 70% од Португалците гласале Роналдо да биде резерва против Швајцарија во вторник.
Во нападот Португалија има квалитетни опции како Рафаел Леао, Андре Силва и Гонсало Рамос. Сепак тешко е да се верува дека Сантош ќе го остави Роналдо на клупата, без разлика што статисатиката е против него.