Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Португалија со рутинска победа до билет за ЕУРО (видео)

Португалија со рутинска победа до билет за ЕУРО (видео)

Репрезентативците на Португалија со 2:0 победија на гостувањето кај Луксембрург и изборија пласман на ЕП. Србија „извиси“ и одигра реми со Украина.

Португалците потепко од олекувањата дојдоа до трите бода на гостувањето кај Луксембург. Европскиот шампион имаше иницијатива од самиот старт, а до предност дојде до 39-та минута со голот на Бернардо Силва.

Португалците го одржуваа ова водство до пет минути пред крајот, кога Роналдо со својот гол стави крај на сите дилеми и го чекираше билетот за ЕУРО.

Во другиот меч Србија имаше водство против Украина до самиот крај, но и тоа немаше да биде доволно за пласман на ЕП. Во последната минута Украинците постигнаа гол за да ги завршат квалификациите без пораз.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Eден емаил бил доволен за Реал да покаже дека е господски клуб

Претседателот на Ленс, Жервис Мартел откри анегдота од пред неколку години кога Реал покаж…