Повремениот репрезентативец на Португалија, Мигуел Пинто (25) е нов член на Вардар. Тој ќе остане во Скопје како дел на Вардар најмалку до јуни 2026 година, потпишувајќи двегодишен договор со тимот.
Пинто (25 години, 194 см,) игра на позиција десно крило, и доаѓа од тимот на Агуас Сантас во Португалија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезонава на 27 натпревари има постигнато 73 гола. Покрај за актуелниот клуб има настапувано и за Порто, каде по една сезона, заминува на позајмица во Маиа и Гаиа. Една сезона беше позајмен и во Агуас Сантас, а последните две сезони е член на овој клуб.
Пинто е на поширокиот список на репрезентацијата на Португалија, и има и два настапи за А репрезентацијата на Португалија. Лани играше во квалификациите за ЕП 2024 и тоа против Луксембург и против Турција. На двата натпревари даде вкупно 11 гола за Португалија.
Има настапувано и се тимовите до 20 и до 21 година, за Португалија на ЕП 2018 и СП 2019 година.
Во досегашната ракометна кариера бил во ист клуб и со Куни Моралес, Алфонсо Лима, Мигуел Мартинс, Руи Родригез, Фабио Магаљеш.
Пинто ќе им биде соиграч на Гоце Георгиевски и на Ален Ќосевски, кои играат на позицијата десно крило.
“Вардар сериозно го засилува тимот и го подмладува, создавајќи база што во иднина ќе носи добри резултати. Мигуел има карактеристики на крило кое одлично ќе се вклопи во нашиот тим, и во него препознавме играч што допрва треба да блесне. Го следевме на повеќе натпревари и сигурни сме дека во Вардар ќе игра уште подобро. Заедно со Ќосевски ќе бидат главните на таа позиција, секако со помошта на искусниот Георгиевски кој се уште има што да им пренесе од своето знаење“, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.