Поранешниот НФЛ играч Демариус Томас (33) е пронајден мртов во својот дом, а полицијата навела дека причината е медицински проблем.
Томас го освои Суперебоулот со Денвер Бронкос во 2015 година, а тимот од Колорадо го драфтуваше во 2010 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Денвер Томас одигра осум сезони и беше еден од најважните играчи на тимот, односно втор во историјата на Бронкос по претрчани јарди и фатени тачдауни.
Покојната НФЛ-ѕвезда на почетокот на годинава објави дека ја завршува кариерата.
„Конечно донесов одлука. Одам во пензија, завршив и добро пројдов“, напиша Томас.
Former Broncos WR Demaryius Thomas has died at the age of 33.
— SportsCenter (@SportsCenter) December 10, 2021
Roswell, Ga., police said Thursday night Thomas was found dead in his home and preliminary reports were Thomas’ death may have resulted from a medical issue. pic.twitter.com/679Gt4gbDV