Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Дарон Гибсон (36) раскажа како бил зависен од апчиња за спиење по завршувањето на кариерата:
„Тогаш не работев. Гледам фотографии од тоа време и гледам колку лошо изгледав. Земав Од 12 до 14 апчиња за спиење секој ден. Да продолжев, ќе умрев“, изјави тој за порталот The 42.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Англичаните објавија дека, според Здружението на професионални играчи, 120 активни или поранешни играчи имале иста зависност.
Гибсон беше играч на Јунајтед од 2005 до 2012 година, а играше и за Ројал Антверпен, Волвс, Евертон, Сандерленд, Виган и Салфорд Сити.
Овој играч од средниот ред настапи 27 пати за ирската репрезентација и постигна еден гол.