Во заедничка акција полициите на Словенија и Хрватска уапсија фудбалска мафија која „оперирала“ и во нашата држава.
Деветмина осомничени во Словенија и двајца во Хрватска, помеѓу кои имало и македонци беа уапсени во истрагата против обложувачката мафија која траеше повеќе месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словеничките истражни органи кои се занимаваат со организиран криминал објавија дека истрагата се однесувала на група која преку интеренет функционирала и подигнала големи износи во Азија.
Во Словенија и Хрватска биле направени 13 претреси на домови и 15 претреси на автомобили на разлилни локации, а уапсени 11 осмоничени. Сите се под сомневање за манипулирање со фудбалски резултати во професионални лиги во Србија, Чешка, но и во нашата држава, после што биле уплаќани големи суми на договорени рзулати, соопштуваат од словенската полиција.
На уапсените им биле одземени 35 електронски направи, 32 мобилни телефони, два лични автомобила, 19.6000 и фалсификувани валути во износ од 38.500 евра.