Дома Фудбал Останато „Пола човек – пола ѕвер“: Легендарниот Дидиер Дрогба го одигра последниот натпревер во кариерата

„Пола човек – пола ѕвер“: Легендарниот Дидиер Дрогба го одигра последниот натпревер во кариерата

0
drogba

Легендарниот напаѓач на Челзи, Дидиер Дрогба стави крај на кариерата.

Дрогба на почетокот на оваа година најави дека по завршувањето на сезоната ќе се пензионира, а рано утрово по наше време го одигра последниот натпревар.

Беше тоа натпревар од плеј-офот во втората лига во САД. На оваа средба тимот на Дрогба, Феникс Рисинг доживеа пораз од Лоусвил Сити со резултат 1:0.

Дрогба во САД помина три години, а пред тоа настапуваше и во Кина. Секако, најславните денови ги помина во Челзи со кој освои три титули во Премиер лигата.


Следете го Sportski.mk и на


Ќе потсетиме, Дрогба неодамна постигна и еден спектакуларен гол во осминафиналето против Портланд Тимберс кое неговиот тим го доби со 3:0.

Крај на кариерата става на 40 години.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Meдиумите го „преселија“ кога Зидан се врати, а тој сега открива каква порака добил од францускиот тренер

Откако Зидан се врати во Реал медиумите во Мадрид ги истакнаа Герет Бејл и Дани Себаљос ка…