Дома Фудбал Англија Покетино фотографиран со најблискиот човек на Вудворд (ФОТО)

Покетино фотографиран со најблискиот човек на Вудворд (ФОТО)

Дали деновите на Солскјер во Јунајтед се одбројани? Ова прашање од вчера се појави во англиските медиуми откако Маурисио Покетино беше фотографиран со главниот советник на  извршниот директор на Манчестер Јуанјтед, Ед Вудворд.

Покетино беше фотографиран во друштво на Нил Ештон, ПР – советник на Вудворд и негова десна рака. Тие се фотографирани на вчерашниот натпревар помеѓу Брентфорд и Лидс во Чемшионшип.

Овие фотографии ја отворија дилемата најмногу затоа што Покетино и претходно се поврзуваше со клупата на Манчестер Јунајтед. Дел од медиумите пак пишуваат дека не се во прашање никакви преговори туку само блискиот однос на Покетино и Марсело Биелса кој е на клупата на Лидс.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рамос пред Сити: Кога е тешко децата треба да се тргнат од патот

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос полн со мотив пред најважниот натпревар оваа сезона…