Дома Трансфер зона Покетино и Гвардиола во „борба“ за новиот „Фелаини“

Покетино и Гвардиола во „борба“ за новиот „Фелаини“

„Скај Спорт“ во денешното издание пренесува дека Пеп Гвардиола и Маурисио Покетино се заинтересирани за младиот фудбалер за врска кој настапува Лориент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Матео Гиендузи има 18 години и настапува за Лориент, одигра осум натпревари во Лига 1, а оваа сезона е релативно стандарден фудбалер во тимот кој посакува да се врати во елитата.

Интересно е што по изгледот потсетува на Маруан Фелаини. Гиендузи носи иста фризура како и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, можеби и му е идол, бидејќи како и Фелаини и тој е дете на емигранти од Мароко.

И покрај мароканското потекло, Гиендузи ги бранеше боите на репрезентацијата на Франција во младинските категории.

Тој има договор со Лориен до јуни 2019 година, а неговата моментална вредност на трансфер пазарот изнесува околу 800.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…