Дома Фудбал Англија Покетино ги разочара „нероаѕурите“

Покетино ги разочара „нероаѕурите“

Менаџерот на Тотенхем Маурицио Покетино откри дека е посветен на лондонскиот клуб и ги негираше тврдењата дека постои откупна клазула во неговиот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентиецот е тренер на „петлите“ од 2014 година кога пристигна од Саутемптон и потпиша петгодишен договор. Во последните денови се појавија шпекулации дека за неговите услуги заинтересиран е италијански Интер, како и дека „нероаѕурите“ се спремни да испратат богата понуда.

„Има многу гласини, но јас сум посветен на клубот и немам намера да заминам. Ќе бидам овде за предсезоната. Не постои откупна клазула во мојот договор, останувам тука и следната сезона“, изјави Покетино.

Покетино со Тотенхем оваа сезона го обезбеди второто место на табелата, што е најдобар пласман на овој клуб уште од 1963 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА ги менува правилата за ВАР: Ова е фудбал, а не Плејстејшн!

Шефот на судиите на УЕФА Роберто Розети се залага за промени во начинот на кој се користи …