Дома Фудбал Останато Познато каде би можел да игра Фенербахче ако го напушти турското првенство

Познато каде би можел да игра Фенербахче ако го напушти турското првенство

Турскиот гигант Фенербахче размислува да го напушти домашното првенство и да се приклучи на некоја од странските лиги, а во опција се Белгија, Холандија, Шпанија, Франција и Италија, пренесуваат медиумите од Босфор.

Борбата за трофејот меѓу Фенербахче и Галатасарај се води жестоко на теренот, но исто така и надвор од него. Работите кулминираа по случувањата на натпреварот помеѓу Трабзонспор и Фенербахче.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Турските медиуми јавуваат дека се подготвуваат радикални мерки од раководството на Фенербахче.

На табелата води Галатасарај со 81 бод, два помалку има Фенер, а до крајот на првенството остануваат уште осум кола.

Од Фенербахче се почесто се слушаат обвинувања дека Галатасарај „се турка“ кон шампионската титула.

По хаосот во Трабзон наводно управата донела одлука дека не сака да игра во турскиот шампионат и е подготвена да се повлече од натпреварувањето. Со нагласок дека раководството на овој истанбулски клуб размислува и во која лига би можел да се приклучи нивниот клуб, со желба да не стартува од најниското ниво на натпреварување.

Турските медиуми одат и подалеку и споменуваат пет лиги во кои Фенербахче би можел да игра следната сезона, а тоа се Белгија, Холандија, Шпанија, Франција и Италија. Дури се споменува дека една од тие пет лиги со задоволство ќе го пречека Фенербахче во своето друштво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Астон Вила го награди Емери со нов договор

Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со Астон Вила како награда за  добрите резултат…