Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Познато дали Хари Кејн ќе може да настапи на Светското првенство

Познато дали Хари Кејн ќе може да настапи на Светското првенство

Кејн оваа сезона во вкупно 39 настапи постигна 35 гола, а успеа да запише и уште четири асистенции.

Навивачите на Тотенхем, но и на англиската фудбалска репрезентација можат да здивнат. Имено, напаѓачот се повреди минатиот викенд на натпреварот против Борнмут. Со оглед на тоа што клубот води голема битка за позициите кои водат во Лигата на Шампионите, а Англија чека настап на СП, домашната јавност е во паника. Меѓутоа, „Times“ ја смирува ситуацијата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Снимањето на глуждот беше одложено за во вторник поради оток. Се стравува дека ѕвездата на Тотенхем нема да биде на располагање следните неколку недели. Напаѓачот сигурно нема да биде во репрезентацијата во претстојните пријателски натпревари со Холандија и Италија“.

Оваа вест делува охрабрувачки, бидејќи се користи терминот неколку недели, а не неколку месеци, веднаш по повредата. Повеќе информации за јавноста ќе бидат познати по снимањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Билд“: Ѕвезда на Дортмунд лаже за својата возраст – има 24, а не 20 години!

Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во ф…