Дома Топ вести Познати деталите: Манџукиќ пред потпис во Милан

Познати деталите: Манџукиќ пред потпис во Милан

Италијанските медиуми синоќа лансираа „бомба“ и тврдат дека Марио Манџукиќ е пред трансфер во Милан.

Манџукиќ веќе шест месеци е без клуб. Тој во јули го раскина договорот со катарскиот Ал-Духаил, но и покрај интересот на бројни екипи за неговиот потпис тој се уште е без клуб.

Преговорите помеѓу Милан и агентите на Хрватот се во завршна фаза и големи се шансите да го облече црвено-црниот дрес.

Имено, „росонерите“ му нудат на Манџукиќ договор до крајот на сезоната со плата од 1,8 милиони евра со можност за продолжување на уште една година за 3 милиони евра.

Милан е лидер во Серија А и верува дека Манџукиќ со своето искуство и квалитет ќе даде голем придонес во битката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Томори утре на прегледи во Милано

„Скај Италија“ пренесува дека Милан и Челзи постигнале договор за трансфер на дефанзивецот…