Дома Фудбал Познатиот шпански новинар тврди: Кутињо може да биде наследник на Иниеста

Познатиот шпански новинар тврди: Кутињо може да биде наследник на Иниеста

Познатиот шпански новинари Гилијам Балаг во новото засилување на Барселона, Фелипе Кутињо, гледа некој кој може да биде наследник на Андрес Иниеста.

Според Балаг, Иниеста кој е веќе е во поодминати фудбалски години наскоро ќе ја напушти Барселона, а неговото место би можел да го превземе токму Кутињо.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„На Иниеста му минуваат годините. Очекува наскоро тој да замине во Кина од каде што има одлични понуди, па поради тоа на Барселона и е потребен фудбалер кој може да го наследи. Кутињо е фудбалер кој игра нешто понапред, но со текот на времето мислам дека може да се прилагоди и да игра во средниот ред, мислам дека тој може да биде одличен наследник на Иниеста“, смета Балаг.

Да потсетиме, Барселона и Ливерпул во текот на вчерашниот ден го договорија трансферот на Бразилецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …