Ламин Јамал има само 17 години, но и покрај тоа е еден од најважните фудбалери на Барселона, но и Шпанската репрезентација за која блескаше на Европското првенство.
Но, тинејџерот одигра и премногу натпревари на врвно ниво за неговата возраст и можеби последиците веќе се чувствуваа. Шпанскиот фудбалер се повреди во натпреварот против Данска од Лигата на Нации и тоа предизвика загриженост во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш беше ослободен од репрезентацијата и испратен во клубот, но од редовите на Шпанија ја смируваат ситуацијата тврдејќи дека не станува збор за ништо сериозно.
„Ламин Јамал нема посериозна повреда, во прашање е преголем напор на мускулите. Тој го напушти кампот и се врати во Барселона“, објавија од Фудбалската федерација на Шпанија.
Медиумите најавуваат дека тој би можел да го пропушти натпреварот со Севиља и одморен да се врати за дерби дуелите со Баерн и Реал Мадрид.