Дома Фудбал Англија Погба останува на „Олд Трафорд“ до лето

Погба останува на „Олд Трафорд“ до лето

Пол Погба сигурно ќе остане во Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.

Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, па се појавија шпекулации дека може да биде продаден во јануари.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Челниците на Јунајтед се свесни дека Погба од 1 јануари може да преговара со други клубови, меѓутоа, не размислуваат да го продадат.

Погба нема одиграно натпревар од почетокот на ноември кога го повреди бутниот мускул, но се очекува наскоро да се врати на терените.

Во Јунајтед сепак се надеваат дека до крајот на сезоната ќе го убедат да стави потпис на нов договор, но во моментов мали се шансите за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Топ агент му помага на Милан за играчот на Брајтон

Милан сè повеќе е уверен дека ќе успее да го привлече левиот бек на Брајтон, Первис Еступи…