Дома Фудбал Англија Погба не отпатува за Кардиф – медиумите тврдат дека штрајкува

Погба не отпатува за Кардиф – медиумите тврдат дека штрајкува

Манчестер Јунајтед денес игра пријателски меч со Милан во Кардиф, а во тимот го нема Пол Погба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот не отпатува со тимот во Кардиф, а официјалното соопштение од клубот е дека е повреден.

Меѓутоа, медиумите на Островот тврдат дека Погба не е повреден, туку „штрајкува“ и така сака да издејствува трансфер во Реал Мадрид.

Преодниот рок во Англија трае до 8ми август, па Погба е свесен дека ако не замине до тој датум, ќе остане на „Олд Трафорд“ и оваа сезона.

Со „црвените ѓаволи“ денеска не се ниту Ромелу Лукаку, ниту Матео Дармијан, кои исто така очекуваат трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ќе ги казнува сите што го критикуваа судењето на Светското првенство

Речиси нема селектор или играч кој за време на Светското првенство, кое е во завршна фаза,…