Дома Фудбал Англија Погба: Местото на Манчестер Јунајтед и Милан е во Лигата на шампионите

Погба: Местото на Манчестер Јунајтед и Милан е во Лигата на шампионите

Maнчестер Јунајтед го елиминираше Милан од Лигата на Европа во четвртокот.

После реваншот 1:1 во Манчестер, во Милано „црвените ѓаволи“ славеа со 0:1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Пол Погба. Французинот порачува дека против Милан сака да игра повторно, но во Лигата на шампионите затоа што местото според него на двата клуба е таму.

„Сакам да играм повторно со Милан, но во Лигата на шампионите, местото на овие два клуба им е таму. Среќен сум што победивме и што ја продолжуваме нашата епизода во Европа. Мило ми е што се видов со Златан, тој е лидер и мотив за секој фудбалер. Неверојатно е тоа што во таква форма игра на 40 години“, изјави Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кејн се враќа на тренинзите, Тотенхем не ја намалува цената

Покрај фактот што го пропушти вчерашниот и денешниот тренинг без дозвола, Хари Кејн планир…