Дома Фудбал Англија Погба е спремен – Еве кога се враќа на теренот!

Погба е спремен – Еве кога се враќа на теренот!

0

Според пишувањето на англиските медуми, Пол Погба се опорави од повредата на задната ложа и наскоро повторно ќе биде на располагање на тренерот на Манчестер Јунајтед.

Францускиот фудбалер заработи повреда на 12. септември во натпреварот во Лигата на Шампионите против Базел, а иако првично беше најавено дека од теренот ќе отсуствува шест недели, на крајот испаднаа и повеќе од осум.

„Telegraph“ објави дека Погба денеска се чувствува добро, но нема да биде во конкуренција за претстојниот натпревар каде што Манчестер Јунајтед го игра против Њукасл, но ќе се врати на терените следната недела. Причината лежи во фактот дека Мурињо одлучил да не ризикува и да му даде на Погба повеќе време за целосно да закрепне.

Погба играше навистина добро пред повредата која го спречи за одреден период. На четири првенствени натпревари постигна два гола и запиша две асистенции.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Англија

Проверете

Германскиот репрезентативец признава: Поради тероризмот размислував да го напуштам фудбалот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и репрезентативецот на Германија беше дел од натпреварот п…