Манчестер Јунатјед овој викенд го игра натпреварот од 8. коло на англиската Премиер лига против екипата на Њукасл.
Според англиските медиуми, Пол Погба нема да биде во конкуренција за овој натпревар иако се опорави од повредата, но Солскјер не сака да ризикува поради нова повреда на играчот, бидејќи по репрезентативната пауза следува најголемото дерби во Англија, помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Францускиот репрезентативец е клучен играч на Манчестер Јунајтед и сигурно дека неговото отсуство во ова дерби би ги намалило шансите на Јунајтед за позитивен резултат.