Дома Фудбал Англија Погба го пропушта дербито со Ливерпул!

Погба го пропушта дербито со Ливерпул!

Оле Гунар Солскјер се соочува со нови проблеми, зашто дозна дека нема да може да смета на Пол Погба до ноември.

Најлошиот старт во сезоната на Манчестер јунајтед во последнтие 30 години е сега зачинет и со повредата на Французинот, кој нема да може да настапи ниту на дербито против Ливерпул на 20 октомври, а ќе ги пропушти и дуелите против Норвич и Челси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа значи дека Погба ќе го пропушти и мечот против Партизан во Белград на 24 октомври, па навивачите во Србија нема да може да го видат Французинот во акција.

Секако, ова е нов удар за Солскјер, чие тренерско столче се „тресе“, па доколку не ги подобри резултатите, сигурно ќе ја загуби и довербата кај управата, по што отказ ќе биде неизбежен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Руни се потруди целиот свет да зборува за него: „Ван Гал е пред Фергусон!“

Легендарниот Вејн Руни стана предмет на шега на социјалните мрежи откако ги спореди Луј ва…