Дома Трансфер зона Побара трансфер: Облак станува најскап голман во историјата

Побара трансфер: Облак станува најскап голман во историјата

Еден од најдобрите голмани на светот, Јан Облак побарал трансфер од челниците на Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Како што пренесува „Марка“, Облак не е задоволен во Мадрид бидејќи Атлетико се уште не му понудил нов договор. Словенецот има договор до 2021 година според кој заработува „само“ 1,5 милиони евра по сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Облак наводно е во контакт со Манчестер Јунајтед кој го гледа како идеална замена за Де Геа. „Црвените ѓаволи“ наводно му понудиле и три пати поголема плата од актуелната.

Де Геа на лето влегува во последната сезона од договорот, па поради фактот што Шпанецот не сака да стави потпис на нов договор, Јунајтед ќе биде приморан да го продаде.

Облак во договорот со Атлетико Мадрид има откупна клаузула до 100 милиони евра која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.

https://youtu.be/0s3yqTLEyc8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …