Дома Фудбал Италија Планот на Раиола за Донарума не е ПСЖ: Младиот голман оди во тимот каде ќе биде пречекан на „нож“

Планот на Раиола за Донарума не е ПСЖ: Младиот голман оди во тимот каде ќе биде пречекан на „нож“

Италијанските медиуми и натаму од час во час пласираат информации околу Донарума, Милан најде голман и сега е сигурно дека Џанлуиџи во јуни ќе го напушти клубот.

Секако, од тоа дека ќе биде слободен играч нема да има ништо, едноставно, 40 милиони е сумата колку што би чинел, со оглед на тоа дека „Росонерите“ нема да ја исполнат целта и да се пласираат во ЛШ.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, денес попладне следеше бомба.

Планот на Раиола е да го однесе Донарума во Јувентус, ако ПСЖ не може поради финансискиот фер плеј да плати обештета.

И тука контроверзниот менаџер има сојузник, поточно човек кој одлучува, Павел Недвед, чиј агент и беше.

Имено, Јувентус кој има добри односи со Милан би можел да понуди 40 или 50 милиони евра плус Шчесни и да го добие наследникот на Буфон.

Како што се наведува, изминатото лето Донарума го одби Јувентус, но сега ќе го испрати Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Џака: Свирежите во Косово ме болат, тоа е последното…

Натпреварот помеѓу Косово и Швајцарија во Приштина беше обележан со свирежите насочени кон…