Дома Македонски спорт Мак ракомет Писонеро: Ако не го победиме Порто, ќе падне во вода триумфот во Монпеље

Писонеро: Ако не го победиме Порто, ќе падне во вода триумфот во Монпеље

0

Македонскиот и европски шампион Вардар в недела го пречекува Порто во дуел од 2.коло од Лигата на шампионите.

После победата на гости кај Монпеље ова ќе биде прв домашен натпревар сезонава за Вардар и можност за нови бодови.

Тренерот на „црвено-црнбите“ Давид Писонеро изјави дека е запознаен со стилот на игра на Порто.

„Не очекува важен натпревар против Порто. По победата над Монпеље, треба да ги потврдиме двата бода, бидејќи без успех в недела бодовите од Франција нема да бидат вредни. Порто е една од најдобрите екипи во светот што играат „седум на шест“. Ние не играме многу често против таков систем па ќе видеме како ќе биде. Сепак, подготвени сме за овој дуел и покрај тоа што зад нас е недела на тешки средби со Металург и Монпеље“, изјави Писонеро.

Со нетрпение чекаме да излеземе на теренот во Скопје. Ова е наш прв домашен меч во ЛШ по освојување на трофејот минатата сезона и очекувам полна сала.Треба да одговориме на играта „седум на шест“ на противникот. Верувам дека ќе ги освоиме двата бода“, изјави Дибиров.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Што може овој Вардар?

Вардар во викендот кој измина беше декласиран од Кил во „Јане Сандански“ со 20:31. Посебно…