Во Реал Мадрид и понатаму бараат тренер, бидејќи неодамна ги напушти Зинедин Зиан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неочекуваната одлука на Зидан ги шокираше сите во Реал, но „Кралевите“ не губат време и желба што побрзо да го пронајдат неговиот наследник. Секојдневно се појавуваат нови кандидати, но и разни информации.
Така германскиот „Билд“ ексклузивно објави дека управата на Реал го контактирала Јулиан Нагелсман, но младиот и талентиран германски тренер одбил да преговара со Мадриѓаните.
Тој, според пишувањата на Билд, му дал збор на Хофенхајм и не сака да си оди, туку да работи и следната сезона во која Хофенхајм ќе игра во Лигата на Шампионите.
Со оглед на тоа што и тој одпадна, а претходно и Маруисио Покетино, остануваат имиња како Маурицио Сари, иако Италијанецот е поблиску до Челзи, отколку до Реал и Масимилијано Алегри, а се споменува и Венгер.