Дома Топ вести Перез спрема нови „галактикоси“ со 600 милиони евра!

Перез спрема нови „галактикоси“ со 600 милиони евра!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид го спрема најголемиот шопинг во историјата на фудбалот за да направи вистински „дрим-тим“.

Имено, претседателот Флорентино Перез повторно ќе направи „земјотрес“ во фудбалска Европа и со буџет од неверојатни 600 милиони евра ќе тргне во правење на нов „Галактико“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дон Балон“ пишува дека во летниот преоден рок, Перез  проблемите во одбраната ќе ги реши со ангажман на Кулибали од Наполи.

Средниот ред треба да биде освежен со Нголо Канте од Челзи и Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Трансферот на Канте ќе биде тежок за реализација, но наводно Зидан веќе го убедил својот сонародник да му се придружи во Мадрид, а „кралевите“ спремаат понуда од 100 милиони евра.

Перез планира да направи звезден напад, па сака да добведе една од ѕвездите на Ливерпул, Салах или Мане, а како алтернатива се споменува Обамејанг од Арсенал.

Последно име на списокот на Перез е тоа на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо кој би чинел околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …