Дома Фудбал Шпанците открија: „Бомбата“ на Перез од 150 милиони евра доаѓа од ПСЖ, еве за кого станува збор!

Шпанците открија: „Бомбата“ на Перез од 150 милиони евра доаѓа од ПСЖ, еве за кого станува збор!

Приказната на денот е „бомбата“ која ја најави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Тој објави дека е испратена понуда од 150 милиони евра за играч чиј идентитет одби да го открие. Меѓутоа, шпанските новинари веќе дознале за кого станува збор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повеќе информации донесе Аранча Родригез, која откри дека станува збор за играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Жоао Невеш.

Флорентино Перез изјави дека новиот играч ќе биде дел од серијата на „Галактикоси“. Млад е, игра во клуб од Лигата на шампионите и не е дел од британската Премиер лига. Не е дефанзивец, туку е е од средината или нападот. Португалецот навистина одговара на овие критериуми.

На возраст од само 21 година, Жоао дојде од Бенфика во 2024 година и во последните две сезони се промовираше како еден од клучните играчи на двократниот европски шампион.

Во оваа сезона, на 38 натпревари во сите натпреварувања, постигнал седум голови и има четири асистенции. Реал веќе го ангажираше Денцел Дамфрис, а прашање на време е кога ќе биде официјализиран Ибрахима Конате.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…