Дома Топ вести Перез „полуде“ по Кејн! – Ќе ја видиме ли најголемата размена во историјата вредна 200 милиони евра!?

Перез „полуде“ по Кејн! – Ќе ја видиме ли најголемата размена во историјата вредна 200 милиони евра!?

kane and bale

Од Шпанија ни пристигнува навистина сензационална вест.

Денес медиуми во Шпанија пишуваат за размена на реалација Мадрид – Лондон која би имала вредност од 200 милиони евра, а можеби и повеќе.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наводно, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е спремен да го понуди Герет Бејл и неверојатни 150 милиони евра во замена за Хари Кејн.

Не е тајна дека Флорентино е во потрага по напаѓач кој би го заменил Карим Бензема кој би можел да го напушти Мадрид.

Кејн зад себе има фантастична година во која постигна 55 погодоци, а анкетата која ја спроведе „Марка“ беше означен како прва желба на фановите на клубот од Мадрид.

Бејл за Спарсите настапуваше од 2007 до 2013 година кога тогаш за рекордни 101 милион евра се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, а неговата вредност на пазарот се проценува на околу 50 милиони евра, па така вредноста на оваа зделка би изнесувала нешто помалку од рекордот на Нејмар (222 милиони евра).

Од Тотенхем неодамна порачаа дека немаат намера да го продаваат својот најдобар стрелец, но останува да се види дали понудата која ја вклучува нивната поранешна ѕвезда Герет Бејл би можела да ги натера да го променат мислењето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…