Дома Топ вести Перез не го дава Модриќ: Ќе ја израмни понудата на Интер

Перез не го дава Модриќ: Ќе ја израмни понудата на Интер

Иднината на Лука Модриќ е главна тема во спортските медиуми, кои постигано пласираат нови информации околу неговиот евентуален трансфер во Интер.

Италијанците беа убедени дека Лука Модриќ следната сезона ќе игра во редовите на Интер, но првиот човек на Реал Марид, Флорентино Перез е премногу моќен за да дозволи такво нешто.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Модриќ во Реал заработуваше околу 7 милиони евра, а Интер му понуди 10 милиони. Медиумите пишуваат дека Модриќ не криел дека понудата на Интер го привлекла, но Перез одлучил да ја изедначи понудата и да му даде 10 милиони евра по сезона.

Перез сфати дека по заминувањето на Роналдо и евентуално заминување на Модриќ би бил под голем удар на екипата. Одлучи да му понуди на Модриќ буквално се што сака само да го задржи на „Сантиего Бернабеу“.

Модриќ денес го одржа првиот тренинг во Мадрид, а утре ќе има состанок очи во очи со Перез, на кој претседателот ќе му ја соопшти одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…