Манчестер Сити и Ливерпул, Гвардиола и Клоп – време е за уште еден спектакуларен натпревар на Островот, денеска од 13:30 часот.
Едниот пристигна на Островот во 2015 година, тој заплови во реката Мерси со цел да го разбуди британскиот гигант од долгогодишниот сон.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Вториот ја отвори вратата во Англија речиси една година подоцна, тој пристигна во клуб кој веќе беше на пат да стане голем, но и каде што немаше право да греши од првиот ден, каде финансиите беа најмалку од проблем, но таму каде што веднаш се бараа резултати.
Јирген Клоп и Пеп Гвардиола – два брилијантни фудбалски умови и денес се на истото место, на клупата на Ливерпул, односно Манчестер Сити, а во меѓувреме ги исполнија своите цели за кои беа донесени, попатно – секој во своето на свој начин, но со атомски фудбал.
Денеска, во култното англиско време од 13:30 часот, двајцата повторно ќе се сретнат лице в лице, уште еднаш во пресметка на врвот во новиот дуел помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул.
Големото ривалство меѓу двајцата големи тренери започна уште пред да пристигнат во Обединетото Кралство – во Германија. Гвардиола пристигна во Баерн Минхен во 2013 година и успеа да стави крај на двегодишната доминација на Клоп и Борусија Дортмунд.
И покрај тоа што Каталонецот секоја сезона освојуваше титули за време на престојот во Германија, имаше многу маки против Клоп во „Дер Класикер“ – славеше во четири најголеми дербија во Бундеслигата, три освои Клоп, а едно заврши нерешено.
Пристигнувајќи на Островот, тие изрежираа многу незаборавни дуели, од „главата“ на Вајналдум на новогодишната ноќ 2016 година, преку исклучувањето на Садио Мане и петардата на Сити на крилата на Габриел Жесус, атомските 4:3 за „Црвените“ кога „ Граѓаните“ освоија 100 поени, до последните дуели од минатата сезона – контранапад на Мохамад Салах по асистенција на Алисон и 4:1 за машината на Гвардиола…
Вкупно 28 пати Клоп и Гвардиола се сретнаа еден против друг, а поуспешен е германскиот стручњак кој води со 11:10 во победи.
Во Премиер лигата се сретнаа вкупно 14 пати – Гвардиола славеше пет пати, Клоп четири пати, а пет меча завршија без победник.
Освен сите бројки, многу поважен е и стилот на фудбал што го носат двајцата – тикитаката на Гвардиола и „гегенпресингот“ на Клоп ја полудеа Англија во последните години.
Исто како и сезоните со 90+ бодови кои беа решени во последното коло од Премиер лигата, но и нивниот меѓусебен однос кој секогаш беше полн со почит.
„Ме научи да бидам подобар тренер“, со големи зборови Гвардиола го најави новиот дуел со Клоп.
Време е за нова страница, фаворит е актуелниот шампион Сити, но и реновираниот Ливерпул во текот на оваа сезона покажа дека може повторно да биде најтешкиот ривал на машината од „Етихад“.
Man City vs Liverpool! 🔵🔴
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 24, 2023
Guardiola vs Klopp! ⚔️🔥
LIVE on Sky Sports Premier League from 11:00am on Saturday! 🍿👀 pic.twitter.com/6jvuIuyQFO