Mладиот шпански играч за врска Педри Гонзалес е најголемото откритие на почетокот на сезоната во Барселона.
Педри во Барселона дојде изминатото лето од Лас Палмас и воодушеви со своите игри во дресот на каталонскиот клуб. Роналд Куман му даде прилика за игра на овој 17 годишник и тој и тоа како ја искористи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој тинејџер во досегашниот дел од сезоната одигра 10 натпревари и успеа да постигне два гола. Педри бил и на проба во Реал Мадрид, но „кралевите“ не му понудиле договор затоа што сметале дека не е доволно талентиран.
Неколку години подоцна стигна во Барселона, а сега им се заблагодари на луѓето во Реал кој тогаш му кажале дека не е доволно добар.
„Веројатно знаете дека своевремено бев на проба во Реал. Во оваа прилика би сакал да му се заблагодарам на човекот кој кажа дека не сум доволно добар за нив. Им се заблагодарувам затоа што сега играм за клубот за кој секогаш сонував. Ќе ми беше чудно ако морав да го носам дресот на Реал, јас сум навивач на Барселона“, изјави Педри.