Поранешното раководство на Барселона пред почетокот на оваа сезона баш и не се прославија со засилувањата, но имаа и еден полн погодок.
Станува збор за младиот играч Педри кој пристигна од Лас Палмас за 10 милиони евра и тој се покажа како одлично засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 18 годишник со своите настапи се избори и за место во репрезентацијата на Шпанија и тоа е најдобар показетал за каков потенцијал се работи.
Педри играше за Лас Палмас, но во младинските категории беше на проба и во Реал Мадрид, но тогаш ја отфрлил можноста кариерата да ја продолжи помеѓу „кралевите“.
„Бев на проба во Реал и тоа не е тајна. Сепак, го погледнав грбот на дресот и забележав дека нешто не е во ред. Се вратив дома и ете после неколку години дојдов во Барселона што секогаш беше мој сон“, изјави Педри.
Во досегашниот дел од сезоната Педри одигра 41 натпревар, постигна три гола и подели шест асистенции.