Дома Останати Кошарка Патиките на Дончиќ продадени за 30.000 евра, парите завршија на вистинско место!

Патиките на Дончиќ продадени за 30.000 евра, парите завршија на вистинско место!

Патиките кои ги носеше Лука Дончиќ во финалето на Европското првенство се продадени за 30.000 евра, а парите ќе бидат доделени во хуманитарни цели за помош на препсективните спортисти од сиромашните семејства.

Кошаркарот на Реал Мадрид го помогна спортскиот развој на кошаркарите кои живеат во тешки материјални услови во Словенија, објавија организаторите од хуманитарната организација „Кумство“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Патиките се производство на американската компанија „Најк“, а најдобриот млад кошаркар во Европа ги носеше на сите натпревари на Евробаскетот, се до моментот на повредата во финалниот натпревар помеѓу Словенија и Србија.

До сега со организацијата „Кумство“ се собрани околу 10 милиони евра, а помош добија околу 5.000 талентирани сиромашни деца од Словенија.

Рекордот го држи словеничкиот ски скокач Питер Превц, кој ги продаде своите скии за сума од 45.000 евра, а ги купи компанија „Баухаус Словенија“, истата која победи и на аукцијата за патиките на Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ продолжува да доминира, сè поблиску до наградата за МВП

Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната…