Хавиер Пасторе не е задоволен од својот статус и минутажата која ја добива во Пари Сент Жермен, па најверојатно ќе ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Пасторе јавно го искажа своето незадоволство од третманот кој го има кај тренерот Унаи Емери, а раководството на ПСЖ нема да му стои на патот и ќе му дозволи да замине доколу пристигне адекватна понуда.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанските медиуми изминатите денови тврдеа дека Валенсија покажува сериозен интерес за Аргентинецот, но неговиот агент Симониан денес категорично демантираше дека Паторе може да се пресели во Валенсија.
За 28-годишниот фудбалер најсилен интерес покажува Интер, како и неколку клубови од Премиер лигата, а ПСЖ бара најмалку 25 милиони евра за неговата слобода.