Јувентус започна преговори за привлекување на играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес, пренесуваат италијанските медиуми.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аргентинецот долго време е на радарот на „бјанконерите“, но клубот чекаше да се ослободи место во тимот. После заминувањето на Арон Рамзи, Јувентус сега спрема понуда за Паредес.




ПСЖ е подготвен да преговара за продажба на 28-годишниот играч, особено после доаѓањето на Ренато Санчез и за неговата слобода бара помеѓу 20 до 25 милиони евра.




После повредата на Погба сега Јувентус доведувањето на Паредес го постави како приоритет и ќе ги интензивира преговорите со ПСЖ, а последните информации се дека двата клуба се блиску до договор.